форма (ж.)
Кога ја видов првпат во нејзината прва форма, во нејзиното престорување и присторување?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Така сме ја добиле суитата, најраната оркестарска форма.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
На асталот во трпезаријата секогаш имаше беспрекорно чист бел чаршав и салветки кои беа ставени во специјални држачи направени од сребро и коишто имаа форма на мали обрачи.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
На неа долга вечерна облека, припиена до телото, оцртува дражесни форми: бели, меки рамена, - дојки не многу големи, обли, во чудесно единство со нејзината не многу висока става.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Косите беа покриени со многу долги еднобојни марами врзани во форма на шешир кои продолжуваат вкрстени околу вратот и паѓаат надолу како шалови.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Архитектот, пред да стави молив на хартија, ќе ја има прекрасната катедрала пред себе како во визија; скулпторот, идеалната форма и изразот на лицето.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Продолжуваше да живее во мојата свест, со вкусовите на кашите на сиромаштијата, на потпеченото тесто, извиено во чудесни форми од нејзините вешти прсти.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Комбинацијата на автопати на податоци и проширена телевизија неизбежно ќе доведе до враќање на селската индустрија во форма на виртуелни разбои.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Тој по своја волја може да ги повика впечатоците, кои веднаш стануваат објективизирани на платното на неговиот ум, во форма на слики.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Истата тешкотија и во уште посилна форма ќе се сретне при решавањето на прашањето – кој јазик треба да се признае за во училиштата и во општинската управа во патријаршиските реони.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„И зборот кога е во тесен чевел“- сигурно притиска однатре, глочка, често попречува во слободниот од кон слободата, сѐ додека не се искаже, преку песната или пак некоја друга творечка форма.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Бах бил извонреден во импровизирање, понекогаш на јавен настап развивајќи теми во форма на фуга.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
И покрај големиот број на дроги кои творците низ историјата ги користеа за поттикнување на креативноста, сметам дека психоделичните дроги имаат посебно значење за творештвото, првенствено затоа што, во една фаза на своето делување, нудат најсодржински и непознати искуства, кои надарените личности можат потоа да ги транспонираат во уметничка форма, без оглед на цената што ја плаќаат, а таа неретко може да биде висока, што ќе го видиме од подоцнежните излагања.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Акциите се издаваат, се пренесуваат и се водат во форма на електронски запис во Централниот депозитар за хартии од вредност на РМ во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Формата на идеограмот може да биде толку изменета што веќе не се распознава како сликовна претстава на предметот; а неговото првобитно значење може да биде проширено на тој начин да ги вклучува идеите за кои не постојат јасни сликовни претстави.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Оваа слика, или идеја, или претстава, која постои во мозокот на уметникот и на која тој се обидува да ѝ даде израз во опиплива форма за да им ја пренесе на другите, е чудо што постојано се случува во неговата внатрешна свест.
„Бетовен“
од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска)
(1905)
Овде најмногу фрапира формата во која доминира кривата линија и елипсовидната форма.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На нив можеме да гледаме како на темелни маниристички форми, но и како израз на силните напнатости меѓу природата и духот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)