фортуна (ж.)
Случајот го поврзуваше со слични такви случаи од борбата и беше неможно тогаш да го запреш, пациентот нека си умре тој ќе раскаже за сѐ, во подробности за тие страшни фортуни од војната.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ве видов во сонот кај лоша фортуна од алчност во гибел ко симбол ве турка.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нѐ удираше црн дожд, нѐ убиваше силно сонце, се пробивавме низ најстрашна снежна фортуна, не, ништо не можеше да нѐ врати од тој пат, да нѐ оддели од тој човек.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И како фортуна се нафрлија надолу партизаните.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Не осетив кога влезе за да ме изведе од бањата, од огледалото. Поминала фортуната и ме изведе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тоа значи дека и Игор Николајевич, мојот најмил братучед го зафатила фортуната на ЧЕКА.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)