фотогеничен (прид.)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
КУРТА: Добро зошто си ваков? Нападно глуп, не фотогеничен и изобличен!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)