фрактал (м.)
Тие прецизно се поклопуват со очекуваната фрактална дистрибуција.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Фракталите на променливоста најлесно се запознаваат преку имитациите на морскиот брег, планините и облаците, коишто од 1975-та ги правев заедно со колегите со помош на компјутерска графика.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На крајот, привлечноста на фракталот влијае врз подемот на интересирањата за науката кај младите.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
За лаикот, фракталната уметност наликува на производ на магија. Но математичарот е во состојба да проникне во нејзината структура и значење.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Математичкиот модел што ја опишува работата на фракталите се нарекува Сиерпинска подлошка.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Фрактали се геометриски форми кои, наспроти оние Еуклидовските, воопшто не се правилни.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Масата на фракталот расте пропорционално со Р, кој е степенуван со некоја сила Dm, која не е цел број.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Неговите дела се нарекувани „холограмски” или „фрактални”, што значи дека секој параграф може да содржи во себе компресирани секвенци што се откриваат и рециклираат во подоцнежните верзии.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
По игра на случај, застанаа пред излогот на една книжарница во кој, меѓу другите книги, се наоѓаа и бројни трудови за разни врски меѓу науката и уметноста: Уметност и физика: Паралелни гледања на просторот, времето и светлината од Ленард Шлејн; Книжевноста во квантниот космос на Сузан Стрела; монографии со величествено сложените Манделброови фрактали, како компјутерски генерирани, така и фотографирани во нивните многубројни природни манифестирања; конечно, mirabile dictu, календар за следната година илустриран со Да Винчиевите цртежи на разбранувана вода.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Најважните фрактали, меѓутоа, отстапуваат од линеарната сличност- на себе.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Иако не сум толку пристрасен целосно да ја поддржам изјавата на Филип Рот дека „писателот треба да си пишува приватни писма до себе“, можеби затоа сум убеден дека првичниот, најситен, фрактален импулс за создавање книжевен текст поаѓа од едно определено интимно чувство на авторот (понекогаш запишано во неколку брзи реченици на некое истргнато ливче), дури и кога тоа се формулира во онаа почетна толстоевска максима: Сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Колку навистина се важни фракталите? Како и за теоријата на хаосот, сѐ уште е рано да се тврди што и да е, но перспективите се завидни.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На пример, Гастон Жили и Пјер Пату во дваесеттите години во Париз го проучувале посебниот вид на апстрактно хаотично движење, што доведе до убави и модерни „фрактални“ слики коишто седумдесеттите години ги правеше Беноа Манделброд во ИБМ.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Оној момент кога ќе бидеме во состојба калкулаторното мислење да го преведеме во конкретно, ќе биде можно произведување на нешта кои во овој свет не се можни, на пр. повеќедимензионални тела или фрактални форми.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Неколку форми кои денес ги знаеме како фрактали се откриени многу години порано.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)