фрка (ж.)
Скришно си пуши жената, па има фрка да не ѝ стегнеме тужба поради тутунскиот чад што продира во нашата дневна соба...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Целите сте возбудени, пуштате гласна музика, правите вистинско шоу бирајќи што ќе носите, едноставно правите голема фрка околу ништо.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но ајде да бегам од оваа фрка Полиција можеби мене ќе ме брка Вистина е ова ништо не ве лажам Но само сон е право да ви кажам.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А патувањето низ животот ми покажа дека на мажите секој првпат им е фрка и дека, од силна желба и фантазирање, додека не си ја обележат територијата, лесно може да им се случи да се спремаат за „романтична“ средба со вино и свеќи, одбрана музика за која им требало истражувачко испипување на Ф Б и опсервирање на пленот, кој, колку повеќе ги одбива или ги држи на дистанца, толку повеќе им ја јакне потребата од докажување, а сето тоа да заврши само како романтична.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не ли мислиш дека од последниот пат кога ти лично направи тешко објаснива „фрка” околу едно скромно Темплум- книгиче во кое беа собрани твои графички трудови, фрка - барем колку што јас сфатив од таа тогашна небулозна ситуација - поврзана со твоето чувство за моќ, правда, односи спонзори- уметник итн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Кога ќе дојде до фрка, до прпа, јас се простирам, издолжувам, добивам пролив.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И у целава оваа фрка, некако ти успева да најдеш време да подработиш нешто низ куќа, и кога – динг/донг, некој ѕвони.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)