хабитус (м.)
Индигнација, лутина и гнев скриени во сечилото преточени во охрабрувачки занес, злобна алузија за да го казнам просторот и времето околу себе, а претворам во ужас дел од сопствениот хабитус и свесно правам деперсонализација, обезличување на душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
„Корисно е секоја дадена локална култура да се опише како посебен сплет од жанрови“, пишува Рос Чејмберс, „при што жанрот се сфаќа како конвенционален хабитус што повлекува разбирања и согласности во кои не мора конкретно да се преговара за ‘видовите’ на општествена интеракција кои се возможни под закрила на таа култура...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нивниот хабитус е електронската сфера, околина од дигитални сигнали наречена инфо-свет. Глобално село.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308 оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
До 2008 г. повеќето луѓе што живеат во постиндустрискиот хабитус ќе поминуваат „прикопчани“ на инфо-световите од другата страна на екраните, исто толку време колку што поминуваат во материјалните светови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Плакарот тука не треба да ја прикрие хомосексуалноста како идентитет и желба, туку треба да ја прикрие хомосексуалноста како настран афект, сензибилитет, субјективитет, идентификација, задоволство, хабитус, родов стил.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хрватскиот поет, хрватскиот режисер, писател и новинар, актер и професор, и денес сè уште е опседнат со желбата својот кревок интелектуален хабитус да го потпре до наизглед цврстиот трон на световната власт.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)