харизма (ж.)
Падавичарот Кољо беше карикатурален лик кој сакаше да остави силен впечаток во јавноста по својата елоквентност и начитаност, но неговата беспрекорно јадна харизма сериозно му го нарушуваше планот за некој посериозен успех.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Секој ден треба да се обидеме да ги инспирираме другите, можеби не сме совршени, но во сите од нас постои светлина, харизма, шарм, глас кој ги инспирира другите околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Исидора беше човек со посебна харизма, сенизибилитет и се разбира – вкус.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тито како владетел ја имаше харизмата на ослободителната борба против фашизмот и обединувачката мисија на Југославија, но и макијавелистичката, комунистичка доктрина на владеењето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со харизма (токму поради тоа и го мразеше), но вистинска будала.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)