херој (м.)
На внатрешната страна од капакот е изгравирана една благодарствена реченица наменета за херојот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мојата огорченост кон некои бирократи што ме разголија како црн берзијанец пред неколку години, сега спласна како што спласна и увереноста дека сум херој за неколку капки црна крв што ја исцицаа Германците од мене.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпосле, херојот на нашето враќање беше повторно со нас.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И сето тоа можело да се доживее само таму, високо, каде што нашиот незабележлив граѓанин и херој, Поетот, го поминува благопријатниот и посреќен дел од своето време.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во историската хронологија Херои и Убијци и во романите Мара и Лавот од Јанина прозната структура е градена врз темелите на животот на Македонецот во Македонија и врз историските настани на Балканот од крајот на осумнаесетиот век, преку Илинденското востание и Првата светска војна до предвечерието на Втората светска војна.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Херој, рекоа е тој, ама не рекоа дека веднаш после борбата, во трапот си ги переше гаќите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Описот на секојдневното однесување на нашиот херој ќе го надополниме со една специфичност која веројатно на многумина не им паднала в очи или ја избегнала нивната љубопитност: од вратот па угоре за Поетот (или во негово име) владее посебната поетска висока сфера, таканаречениот простор на имагинацијата и на ослободените намери од секаков вид туторства.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Не дека нив ги немало и порано, но не гинеле на ваков начин, под оружје и во униформи, во планински заседи и поради глупоста на шутраци како оној нивниот министер, кој сака од себе да направи прв воен херој на независна Македонија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но кога во 1943 година активностите на движењата на отпорот добиле поголемо место во печатот и широк публицитет и одредени личности биле сметани за национални херои, сликата се променила.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Силно возбуден близу претпоставениот гроб со посмртните остатоци на легендарниот херој на Картагина, врховниот борец возбудено молчеше, а потоа силно се расплака. Размислуваше така речиси еден час.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го сакаше херојот во приказните - поврзан со невидливи врски со силите што го моделираат светот, како да е влечен од магнет, тој самоуверено ја следи прецизната линија која за него ја одредила судбината.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тој чита многу вакви книги во слободните од училиште дни, таму, скриен со своите другари, во заливот на морето. Во нив има вистински херои.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Вистина е дека историјата ги избира своите херои, но таа и немилосрдно ги отфрлува, во неизвесните меандри на минливоста, на неумоливата фаталност на владеењето. ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Транзициските херои чии родители во времето на комунизмот душа даваа (а пари земаа) за братство и единство ги презентираа своите капиталистички аута на комунистичка Сталинова.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ако сакаш да знаеш, во сево ова има толку многу конвенционалност, што сега веќе може да возбуди само некој оперски херој како што си ти.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Вечерта на свечениот собир глувците го прогласија Цивко за херој.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
И тој и не е тој. Во сите ликови во кои ми се прикажува тој е тој: големиот национален херој час на една час на друга балканска сила на земјава.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)