цвета несв.

цвета (несв.)

Но таа разлика можеше да се забележи само напролет, кога цветаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Цветав во прашина и во малограѓанска здодевност под знак на крст, тогаш жилава фиданка со нејаки боцки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И по тие ружи, што ги надвишуваа тарабите, и од кои некоја секогаш цветаше, можеше да се распознае нивната куќа во секое доба на годината.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лимоните повторно цветаа во доцната есен.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И така години, три четири, пет цветаше кралството мое сѐ до излезот од детскиот свет.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во одаи китни слуги цвеќа носат Принцот се роди, принцот славен Во дворецот кралски тој ќе биде главен Кралството ќе цвета со години на век.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Не, овој балкон на најдобрата цвеќарка ќе остане истиот да цвета, да пее од убост, да се кити, со прастари Македонски песни, приказни, преданија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Честопати ги пасев воловите и наидував на ливади со разни цвеќиња, секакви бои имаше, ќе се занесев во нив, ќе гледав разни бубачки како ги опрашуваат и им помагаат за догодина да бидат уште поубави, да се развиваат и да цветаат и тука се ставав и самата (и дури ќе заборавев дека воловите ги чувам).
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Зеленееше и цветаше со големи црвени цветови, цветаше и зеленееше, и го ширеше оној особен, силен сарделски мирис.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше времето кога цветаше лавандата и нејзината опојна миризма влегуваше во луѓето, во душите, продолжуваше во морето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Шебоите веќе расцветале. Тие цветаат рано, како и босилекот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Можеби ќе ја викнеше на помош и баба Цвета. Можеби ќе ѝ телефонираше на мама, на тато. Ќе ги вознемиреше на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Честопати Цвета доаѓаше за да си играме. Понекогаш не бев толку редовна, но чувствував дека ако одам на гробот – полесно ќе ми биде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мислев: млада е праската, рано е да цвета. Билјана се излагала.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога ќерка ѝ, Јана, мајката на девојчето, ѝ донесе за роденденот три раскошни цвета на стрелициум, три наежени папагалови глави, завиткани во целофан и украсен црвен ширит.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таму, како да му се опират на невремето, цветаат хризантемите. Ѝ велам на Билјана: - А хризантемите, а?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Меѓу птичји јата летам, среде лето април цвета. Зажуберка поток.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
И нарцисите не сум ги расадила, ама убаво ми цветаат...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе