циркулација (ж.)
Само една книга поставена на погрешно место можеше да вознемири, да упати на погрешен правец, да го оневозможи системот и циркулацијата на идеите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Докторката ми рече дека мора да престанам да пушам цигари, затоа што од нив ми беше загрозена циркулацијата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Длабокиот звук е циркулацијата на вашата крв”.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Какво е тоа пазарно стопанство коешто допушта циркулација на производи во една насока, но не и циркулација на луѓе, и кое го ограничува циркулирањето на идеите?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се потврдува тоа што веќе го знам: младичот е здрав, само има слаба циркулација; грижливата мајка го препила со црно кафе, но младичот е здрав, и најдобро би било со еден удар да го истераат од кревет.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ова беше циркулација и трансформација на енергија сродно со неговите скулптури.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)