циркуски прид.

циркуски (прид.)

Се разбира во врска со спомнатите противречности ништо не ми појасни ни оној случај за циркускиот гимнастичар кој при една вежба во која учествувале сите делови на неговото еластично тело успејал толку добро да се заплетка што морале да побараат лекар за да го разврзе кутриот атлетичар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Утредента веќе почнаа првите циркуски проби на широчината.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се виде како чекори полека кон циркуската кола од која секогаш низ лимена лула благо пробиваше чад.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Покрај Циркускиот шатор, речиси до самиот влез на Циркусот, била поставена приколка во која бил прикажуван необичниот човек паднат од месечината.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во тој луфт, тој циркуски неон и сега не се познава каде е мојот живот, мојата скриена фалинка не сум крив јас виновни се оние кои веруваа полесно ми беше да бидам неограничен во слободата да грешам, одошто да сакам ја имав секоја имајќи ја безличната жена, не груба, не глупа, не грда напросто ефемерна бришаниот простор ме плаши, не празниот ѕвездената прашинка која светка под папокот на мојата скокотлива куртизана, судбината мојот детски инат, залудното препознавање во сѐ што не сум јас зар не сум доволно смртен за да бидам и жив, и со себеси соочен зар јас ќе го напуштам светот не тој мене, мила моја!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Инаку, за да навратам на таа циркуска точка најмногу придонесе неочекуваното вплеткување во неа на доктор Пачев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Холандија ги збрала циганите во провизориуми, во живеалишта на тркала, во коли слични на циркуските.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со циркуското камионче влезе во дворот на болницата и таму изведе чудесна претстава која траеше речиси три часа, во која затвореничките уживаа од терасата, со безобразни дофрлања и претерани овации.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така Сатурн Волшебникот следната сабота дојде во санаториумот за душевно болни, со циркуското камионче подготвено за прослава заради враќањето на Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дервишите излезени од циркускиот плакат танцуваат во истиот пустински предел, во кој раздразнетата толпа се граба за крвавата слезинка, џигер, бубрези, изгнасени од прав и мравки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Исто како во овој сив, циркуски сандак, исправен на четири јаки тркала.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш сфатив: и да се насмеев, и да заплачев, дури и да бев смислил некој циркуски трик, сѐ тоа ќе поминеше незабележано.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ганка се мажеше за човек со занает и - со дуќан, за кројачот Арсо, толку невозможно ситен што мене ми изгледаше дека е дете циркуски маскирано во човече.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вели: „Бевме кловнови. Или потсетувавме на клонови што ги повеле боси на прошетка по циркуска арена послана со трње место со триње!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И јас, без да бидам свестен што зборувам, кажав нешто што и ден-денес не можам да си го објаснам; од каде дојде таква луда идеја кај мене, идеја за која никогаш претходно не сум размислувал, ни близу умот не ми била, а ја изговорив (да не се тоа остатоци од некои мои претходни животи?); реков: „Во паузата би можеле да изведеме една мала, лесна циркуска еквилибристичка точка“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Смеа, рапава и придушена смеа. Тоа не е смеа на циркуска публика, весел кикот на прснати стакла. Тоа е потсмев.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Подоцна во циркусот научив дека сите циркуски ѕвезди бараат на тренингот, освен учесниците во точката и аѓутантот да нема никој друг, особено не во публиката; редовно се случува да им падне концентрацијата ако има макар и две очи во темнината што ги гледаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ако некој простак однадвор сакал да ги види и да ужива во нивната мака, чуварите му го дозволувале тоа задоволство за малку пари, а понекогаш дури и замавнувале со камшик по телата на несреќниците, како во некаква циркуска претстава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Повеќе