цирон (м.)
Цироните баба ми лично ги приготви со киселина и со солпипер.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Таа самата, макар колку да ги сакаше, зеде само едно циронче и долго го мушкаше повторувајќи неколку пати: - Баба нема заби цирони да јаде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Се знае. За вршење треба ортоми, врзми, јамки за коњите, а што е најглавно, покрај солта треба лук, цирони, киселина, некоја лажица, паница, опинци и други работи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Гозба за вечерата ни беа работите што ги донесе Едо: тој дојде со три низи риби цирони и колку половина торба компири.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)