цицлест (прид.)
Цицлесто суштество е со оклоп од чиста рунска волна и со мисла опијанета од илјада кавали
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Жените, на тие од народната власт, дебелкасти, газлести и цицлести, на колковите и месиштата, само сало, жими вера, седеа под големи и широки омбрели... чуваа лица, демек од сонцето, да не поцрнат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Цицлестата доброќудна кенлерка која послужуваше во барот се викаше Дајда.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Нека те носи ѓаволот, и тебе и твоите закони. А ти нели се влечеш на мев по цицлестана анама?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кој би можел да ги спои неговата расприкажана, полничка личност, мустачињата а ла Клерк Гебл и љубовта кон шарените вратоврски и цицлести жени со неговиот минималистички уреден ергенски апартман: црно-бели театарски фотографии, три старински фотелји, а плакарите со стотици костуми и вратоврски и креветот вовлечен, камуфлиран во ѕидот, незабележливи како и музичката кутија, што ја сокриваат листовите на големиот фикус во аголот на собата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
- Ме повикува врсникот Неделко Шијак, пак шепотел со стиснати шепи на градите божем држи рабови на миросано платно со кое си ја штити душата од отровни повити, но Богоја Гулабарин, Пане Долгманов, Цветко Грнар и Илчо Просинек, веќе се здоговориле ојуначени од ракија да ги здружат сурите волиња во две двоколки и пак во ново јунаштво се клештеле и се подбуцнувале со лакти превесели и за свадба; со сладосни гласови од кои и птици ќе се разбуделе го распрашувале старецот кога ќе се стрчне подмладен и избричен кон цицлестата Фиданка да ѝ го покаже мускулестиот стомак и сѐ друго што е машко на неговата ластареста става; им говорел со ѓаконска самоувереност - Ќе дојде потоп, господ ќе ме држи да не потонам а вие ќе пекате по мене и ќе ме молите ропски рачињата извалкани да ви се држат за учкуров, да ве влечам по бранови и пени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Станувам да отворам и гледам на врата се истопорил Жанко Жилковски, кој носеше 5 четврт бурек со урда, но внатре наместо урда имаше биено сирење, а до него застаната цицлестата Јелена Ристевиќ, која го држеше нејзиното најново цд у рука.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Враќајќи се пијан од еден сладострасен излет со својата цицлеста секретарка, излета со мерцедесот од автопатот, многу близу до местото каде е убиен поетот, и со сета брзина тресна во големото, осамено дрво.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Цветко, дај ја, братучед, ракијата. - Која ракија, братучед? - Онаа што му ја донесе цицлестата анама на Куно Бунгур како мираз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)