црвенее несв.
црвенеење ср.

црвенее (несв.)

Скаменет ја успивам и последната ѕвезда И храбро го напуштам полето: - Може за друг црвенеат цветовите?!
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Во огништето веќе се црвенееше убав жар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Низ папрата се црвенеа зрели црвени јаготки.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Да, солзите на навредените целата утрин кобеа лошо над моите Ко трендафил алов црвенеа децата кутри: остро ги укорив своите.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во рацете држеше пушка, а на капата му се црвенееше петокрака ѕвезда.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Со помошта божја успеав тогаш таму да го задоволам копнежот на срцето без да црвенеам од срам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
24. ИАКО ТИ ГОРЧИ, ТИ РЕЧИ ГО СЛАТКО - црвенее потцртувано и во тестаменти и во други пораки до синот од татко, а всушност е издишка, на душата вентил...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Роса само ме гледа, ко да не е тука, ко да не сум тука. Очињата ѝ се црвенеат ѝ сѐ нешто си зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
- И затоа, магаре едно, заради тебе јас морам да црвенеам и да плаќам глоба - викна татко му и стана да го тепа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во целата таа мака, блед, испрекинат зрак му се плеткаше во душата: што не избрза и не испрати абер во Ресен: „Барем татко ми да не црвенее пред овие...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој раскажуваше, ние црвенеевме, а Берта Ауербах сигурно веќе имаше решено уште таа вечер да му каже на овој млад човек дека ја откажува нарачката за семејните портрети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во нив на безбројните бразди, парцели и блокови зреат првите плодови: се црвенеат првите домати, се зеленеат краставичките.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Арсо стои збунет и среќен. Час црвенее, час бледнее пред гостите седнати во два реда пред него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Огледалото како срамежливо невинче црвенее кога ќе ме здогледа. Ја голтнав четкичката за заби.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сам и суров, во петиците на една рамноправна суровост, знаејќи што треба да стори во секој од идните часови, загледан во снегот, што продолжуваше, иако посмирено, сепак да се црвенее по целата издолженост на таа длабока трага пред него, која што можеше беспогрешно да го одведе на вистинското место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но некаква сила пак го крена и тој се зашантра, црвенејќи во одењето, накај вратата од берберницата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Шарпланинец: јадар во телото, во главата, во нозете: широк, дебел врат, голема уста, постојано подзината, јадри, изострени заби меѓу кои црвенее издолжениот јазик.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Отец Иларион се засркна од виното и почна да напиња на образите, да црвенее. Рече налутено: - Вие, полковниче, ја исмејувате христијанската религија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе