црнка ж.

црнка (ж.)

Сака нешто да ми прочита во нив, низ црнката да ми се провре во срцето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бил загатлив дивјак со куси нозе, црнките во очните глобови му биле иглести, на преширокиот врат му се протегале остри брчки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие денови што одевме в поле, ни се примирија црнките во очите, ни се поправи видот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во станот во Њујорк Јоже често идел да биде близу до другар му Фидел да пафкаат пури со американки а потоа в Белград со млади комуњарки Јоже се прочу ко курвар, пробисвет бркал и црнки од третиот свет на кенијка млада ѝ посеа семе се роди ново кумровачко племе
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Еднаш ти кажав. Се говори за тебе и за онаа црнка од болницата, ти реков.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во црнките на Арсо пак се затести познатата темнина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ништо не ѝ се познава во очињата: ни црнка, ни белка. Сѐ е зафатено од жарот, од горештините нејзини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледал во страшно наголемените очи, се гледал себеси во црнките на девојката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тенот веќе задоволуваше, почнав да наликувам на црнка, само уште ми фалеше хип-хоп забава.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога мислам на тоа утро, ми се чини дека во црнкиве мои сѐ уште нечујно се движи намален коњ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тонеа благо во белината, се расплинуваа во неодредени меки полусенки, малечки и залелкани во врнежот, а тој ги испраќаше сѐ додека нивните црнки не смекнаа толку многу, како да се растворија и наеднаш веќе беа неповратно исчезнати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Штотуку беше се спремил да си се прибере во своето легло, тој забележа како некаде на самиот најгорен крај на голината прострелка една сосема поинаква црнка, а после, наполно откриено, таа зеде да ја крстосува неа со своите високи скокови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една, па уште една капка во болното око. Прецизно, во сред црнка.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Разговаравме со него надолго и нашироко“, објаснува Иван Степанович а со оние свои црнки, поситни и од најмалите бубалки, лази по собата, бара стол на кој ќе го спушти малото тркалезно тело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не пиштеа сирени и не татнеше небото и сепак - очите на тие наоколу беа ширум отворени, црнките во нив ѕвездесто прскаа и се топеа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И бидејќи бил насликан на сферична површина, си можел да застанеш каде сакаш во таа одаја, а тој сѐ така еднакво и од секаде те гледал со своите ситни очи, со црнки во нив како кај мачкиниот род.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гривест ат! Навистина ли видов бел коњ во тоа благо утро во кое и каменот се рассонуваше или пред моите усвитени црнки трепетеше павлака на треска загнездена во мене на овој пат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа прикажуваше спокојно и гледаше само пред себе. На Рангела му се запалија црнките.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тоа трпеливо кончење на злобната темнинка и тие, сега веќе доста приближени црнки на дивината, што се испрекрстуваа и ја изврзуваа со престегнувања шумата, како некоја пеколна морница, залазена меѓу нејзините стебла, насобирајќи се најгусто на границата од тој , маѓепсан круг околу него, а сепак оставајќи го во неговата стеснетост само него, и бездруго уште оној, што му идеше во петиците; сето тоа беше токму онаа јанѕа, со која што го јадеше увиснатиот меч на неодоливата угорница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наизлегуваа на чистината, шест издолжени црнки, зашарија неспокојно по таа искричава белина, задушкаа во сите нејзини катчиња, одминувајќи лесно, како да се слизгаат по неа, а за сето време доаѓајќи сѐ поблиску до неговиот прозорец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе