чадор м.
чадорче ср.

чадор (м.)

Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Некој чадор од зад грб или клоца по празен машки газ?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Некои луѓе отворија чадори, други потрчаа по засолниште како да дојавале лично четирите коњаници на Апокалипсата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Седеше тука разочаран, ниту малку подобар од летен чадор против сонце, зелен и отфрлен, напуштен од немарните излетници кои понекогаш бараа засолниште во неговата проѕирна сенка.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На пример, многу сакаше да се обесува со ноктите на долгото и набрано здолниште на бабата; или лулето на тато да го тркала под кревет иако тој поради тоа многу се лути; или да скока врз убавиот чадор на мама!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
12. Тие не разбираат дека чадорите ги провоцираат облаците.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Лука Карер застана на градскиот плоштад, веќе по третпат ова мирно неделно попладне барајќи го часовникот на сребреното синџирче што, инаку, го вадеше изведувајќи една прилично сложена операција: најнапред закачувајќи ја рачката од големиот црн чадор на левата рака, потем отворајќи го тешкиот зимски капут, па сакото, за конечно да го извлече ќостекот од малото џепче на елекот со излижани рабови.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа е стреа за патики од превртена кожа; чадор за срамни влакна; вулкан со памук и сончоглед во кратерот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Шеташ со чадор, на романтичниот дождец.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
треба да се вардат трудните жени во времето на големите пожари и да нема мајтапи на сметка на додолките - кога тогаш ќе се истурат дождови ама луѓето во македонија останаа без чадори - странците многу сакаат луѓе без чадори а историски е потврдена и нивната љубов кон народите кои исчезнуваат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Човекот со чадор спиеше. Не ги слушаше своите скарани гласови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Убав свети Ѓорѓија, што чудо беше ова? Внатре, со многу дуќани во кои се продаваа памучни ткаенини, коприни и везови, производи на папуџиите и копчарите, чадори, со сокаци убаво калдрмисани, чисти, безистенот личеше на малечок град изделен од секаква нечистотија и човечка несреќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Филиповиот сопатник од кабината, инженерот Жил Бутрен, седејќи крај металната масичка, си го пиеше пијалакот во сенката на чадорот со боја на пламен, кој оддалеку прилегаше на огромен портокал што плови по морето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога ја здогледаа писателката како брза кон училиштето, Томе и Темјана со отворени чадори се стрчаа накај неа: „Мили мои, да не сум доцна?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Се најдовме надвор, повторно. Почнуваше да врне дожд, а ние немавме чадор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Без познавање на контекстот, тој знак може да се „чита” на најразлични начини - некој копал / некој ќе копа / некој токму копа / некој расчистил / некој сопрел / некој препречува одрон - или дури (како што откривме во натпреварот за најапсурдно толкување на знаков) дека некој се обидува да отвори чадор по ветровито време! Маргина 36 191
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Повеќе