чепати (несв.)
Нема да се чепатам пред Јона, а ваму не се трае. Мислиш ти се кинат цревата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И ќе ја чепатат, што се вели, ќе ја черечат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги поткреваат главите, ги чепатат вилиците, ги катат забите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мечката ќе рика, а крмакот ќе квичи, ќе гровта, велеше, ќе се подисправа, ќе ги чепатат вилиците. 65
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Нема ништо, велам, и се држам за мевот, се чепатам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)