чешма ж.

чешма (ж.)

Малку потаму, во зеленото паркче, во свое време била поставена чешма.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но кога виде оти уште е рано, — си поседе на чешмата, си поужина лебец и сиренце, се напи водичка и времето дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да појдеме и да јавиме оттаму дека дрвцето е скршено, дека чешмата во паркот е запустена.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Од градите до песната од чекорот до чешмата сѐ е чудно разгалено.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Тој ги изми прстите колку што можеше подобро со ладната вода од чешмата и се врати во другата соба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Течеше малку питка вода додека стигна врелата, па колку-толку пивнав и ја згаснав малку пеколната жед за да имам резерва во себе за наредниот ден, до првата чешма на патот што не можеше да биде ставена под контрола.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сега од чешмата е останато само бетонското корито и нечистотија околу него. Цевките, славините ги нема, водата ја нема...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Но по улиците немаше чешми, чешмите беа по дворовите, а во дворовите имаше кучиња, кучињата беа одврзани и ‘ржеа со рѓосаните заби по секој неканет гостин што ќе му се доближеше до сопственичката порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакаш ли да ти нацртам голема чешма?
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Знам дека Весна не ќе ме остави додека не ѝ објаснам сѐ за студената чешма.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Наидоа и неколкумина селани веројатно од околните села, но ниеден не застана на чешмата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ме најде еднаш кај чешмите, се изварди и ми ја наметна преку рамена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нема ништо живо, освен селската чешма и две старици, забрадени со црни шамии до очите и наведнати над водата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Среде во градот имаше мермерна чешма.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дури и да се случи чешмата да пресуши, да ја снема, местото секогаш ќе го задржи ова име.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Планинска патека води покрај прошталната чешма. Тоа е место на печалбарската разделба.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Се втурнаа во општината и зафатија да се растрчуваат низ неа: распослаа по одаите сламишта и ќебиња, наместија во дворот казани за готвење и ја заградија чешмата со лонци и котли.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лицето му беше зелено и влажно како нешто што живее по густите бари или по поилата на селските чешми.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Застануваме. Децата излегуваат од автомобилот и се стрчнуваат право кон чешмата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе