чистачка (ж.)
Прашањето фрлено како ракавица среде супермаркетот остана да лежи на плочките, газено, туркано и најпосле фрлено во отпад од дежурната чистачка, која додуша покажа мали знаци на чудење за тоа што бара едно прашање на подот.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Децата, фала богу, беа здрави, па Маре се вработи како чистачка, а тие се чуваа сами, поголемото го чува помалото, а најмалото внимава на најголемото, па го кодоши кога мама ќе се врати од работа.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Се изживуваше така цел час, и јас куртулив само затоа што по телефон му се јави чистачката и му соопшти (слушалката на телефонот беше многу силна и тој, колку и да ја притискаше до увото, не можеше да го сокрие разговорот) дека се дојдени некои муштерии кои би сакале да купат некаков текстил од оној што тој го шверцува.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Девојките за него беа по фабриките, по фризерниците, а некои и чистачки во големите згради на градот. Најубавата со која бил, беше од Домот за сирачиња.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Чистачката со дремлива зачуденост го гледа свитокот, текстот не го разбира, некои чудни спојки, чудни ченгелчиња, некое “писмо во шише”...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)