човечко прил.
човечки прид.

човечко (прил.)

Се исправи со здрвено човечко тело преку рамо и, несигурно подавајќи ги нозете тргна кон далечните бачилски колиби.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се загледа во полната месечина на која се оцртуваа линии на човечко лице: нејзе ѝ се причини дека тоа лице првин ѝ се насмевна со подбив и закана, потоа се смршти, се стемни, дека светлината истече низ некој дол од другата страна на темната планина чии сртови едвај се забележуваа како грб на огромна камила.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзината на возот е сведена на човечко одење.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
И штотуку наближам до Сена мојот поглед ја напушта земјата, ме напушта и мене и тргнува да плови меѓу ѕвездите... и нешто длабоко тогаш се вознемирува во мене: моето човечко битие, горе меѓу ѕвездите, го препознава својот древен дом, своето древно огниште, мојата роднинска постела...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Да споменеме уште, Stelarc врз основа на своето усмерување во перформансот развива и вистинска философија на технолошки модифицираното човечко тело: „Телото изразува недостаток на модуларен дизајн и неговиот премногу активен имунолошки систем ја отежнува размената на органи коишто слабо функционираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сѐ повеќе остававме душите да ни ги разјадува лишајот на оттуѓување од сѐ што е човечко во нас и околу нас: туѓиот грев, или нешто што е повеќе споулавеност и очај отколку грев, ни влечеше кон загатки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покажуваат вчудовидувачка интелигенција да распознаат кога едно човечко суштество е беспомошно.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Однекаде во него се зацврсти оваа мисла: секое човечко дело и секој збор можат да донесат зло.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Зарем светот не е таков создаден од Бога? Зарем Книгата не е полна со важни личности и со безименото мноштво, со првенци и со оние другите, останатите, безименото множество, со патријарсите и со нивното масовно човечко стадо, дури и во самиот состав на избраниот народ...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И во лаењето, си велам, и во квичењето негово има нешто човечко. Едниот човечки глас што е со мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или барем да ме оттурне, или да се одалечи од мене, или да стори што и да било, само да реагира како човечко суштество.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го снемало. Кога се вратил (можело да се види дека беневреците му се влажни на колениците) од отворениот гроб се кревале лилави чадишта и уште нешто - мирис на нагорена волна и на човечка тага.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На излегување луѓето, поради смалувањето на излезот, прво се веднуваа сѐ повеќе и повеќе но сега лежечки излегуваат низ вратата смалена до страга низ која едно човечко тело едвај може помешечки да се протне.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Постојат прилики кога едно човечко суштество може да ѝ се противстави на болката, дури и по цена на смрт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Роботичкото телеприсуство доведува до правовремена човечка ефективност на едно реално место во светот без да има човечко суштество од крв и месо на таа локација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Затоа таквата логика и го бараше објаснението на процесот или на движењето на природата, општеството и на самото човечко познание во една причина однадвор, го гледаше само механичкото дејство на стварите, идеите, тенденциите на општеството, природата, науката, уметноста, политиката итн. и тоа една врз друга, една по друга, но не и една од друга, не нивната раздвоеност и целокупност, туку само раздвоеноста, само идентичноста.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Единствените докази се внатре во мојот ум и не знам со сигурност дали и некое друго човечко суштество го споделува тоа мое сеќавање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И покрај сета нивна остроумност, тие никогаш не успеаја да ја совладаат тајната како да дознаат што мисли друго човечко суштество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој ги соедини народите во големо човечко братство!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Повеќе