шајак (м.)
И кога се сети дека сега веќе по негово Мариово фуртуните наближуваат, а тој треба пак да го дочека со ланското сакме и шајаче, косата му се наежи и ладна пот му го облеа челото.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И терзијата му зема мера од леженка со ендезето и пишува со сапунче на трабата шајаци што ја тркала.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се поднамести. Со лесни движења на дланките ја поправи долгата црна малина и врз неа нафрлениот шајак подрабен со црвени реси и мониста.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На Велја среда го пресече и го извади разбојот од тремот, за да ѝ го отстапи по Велигден на Митра и таа да чкрипне некој и друг лакот шајаци или некое козинавче.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ко некоја бала ги туркаат, ко траба шајаци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се сети дека неговата матарка е поставена со шајак.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога го загледав сфатив дека пантоланите од шајак му беа целите изгорени, а тој ми велеше: Другарке, јас сум ранет.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Доста пак, сета волна ја испреде некакво си предено, кое не личеше ни на основа, ни на јаток за клашни, шајаци или покрови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Митра преде основа и јаток, се знае: за шајаци, за клашни или за покрови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Си рече дека е тоа поради широчината на бечвите и дебелината на искрпениот шајак.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Од шајаците ќе прави гаќи за машките, од клашните — гуни и сакми, а од козината — покрови за ергените во кои ќе спијат првната вечер со невестите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- А, да... „скромните чувства кон вас, ви ја праќаме следнава помош: 9 глави голем добиток; 156 глави ситен добиток; 136 оки и 500 грама волна; 134 оки и 100 грама сирење; 8 парчиња злато; 25 оки и 100 грама маст; 54 оки и 150 грама сало; 218 оки и 300 грама жито; 936 оки и 100 грама граф; 147 рала чорапи; 32 торби; 20 метри шајак; 310 јајца; 46 кокошки; 22 кошули: 3 фустани...“
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дали извади шајаците, како они; дали та кажа, нема зошчо да ти криа, неоти ти ќе ми го клашните, покровите та толку шо се зилјатарки?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)