шегобиец (м.)
Децата кај деда Гера го најдоа и деда Ангелета, човек врсник на Гера и на Бошка Манев, кој до Хуриетот исто така бил комита и шегобиец речиси рамен на својот војвода.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Јас сум само никаквец од псевдовисокото општество и ме сметаат за „мил шегобиец“.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Ти ни се подбиваш, ѓаволска душо, ти си шегобиец. И пак душава ми ја гибаш.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
10. ПАДНИ И ВЕДНАШ СТАНИ - до кога тоа така ќе биде: да се обѕирнуваш на сите страни за некој шегобиец да не те виде...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)