широчина (ж.)
Постојано нѐ расфрлаат по разни единици и по сета широчина на фронтот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се колебав. На широчината неколку деца играа челик и ме привлекуваа а Баждар беше неумолив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Нејзината религиозна определба ја обликуваше широчината на разбирањето на луѓето како човечки суштества.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со навлегувањето на овие беспризорни номади во нашата улица, широчината со трите багреми стана табу за другите деца.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Утредента веќе почнаа првите циркуски проби на широчината.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Широчината не е без сајбија иако е тој без тапија, без документ, речиси, со кое би имал право да го чини она што го чинеше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Еднаш се упатив кон широчината, горд зашто само јас прележав шарлах.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Без беспризорните, широчината изгледаше гола како прелог без диви тревки, без оние жолти и виснати од жега млечки, сите и сите со иста судбина.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Баждар (не му го знаевме вистинското име) се исправи пред мене пречејќи ми да влезам во широчината со три накривени багреми, бедни во зеленилото и полни со мравки по испуканата и брчкава кора, со јама за ѓубре, со излупена каросерија на стар форд.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во тоа време најубавиот крај на земјината топка беше широчината на крајот на нашата улица.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Откај широчината доаѓаше Пенчо со зафрлена капа на тилот и длабоко завлечени раце во коланот. Газеше со војничка сигурност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Над ситните бранови од седнати та принаведнати, се крева крупниот бран станати та исправени - импозантната екипа од главната маса се подготвува да си оди: режисерот го зафрлува фовистичкиот шал преку рамо, истегнувајќи си ја снагата во височина додека таа му оди во широчина; авторот си ги бара очилата по масата иако тие му висат на носот, не испуштајќи да е близу до режисерот како преведувач секогаш при рака; примадоната се огледува по сите маси, не толку за да им упати снисходливи насмевки колку тие да видат дека е уште ненадминлива; и најпосле примадонот (а како инаку да се нарече?), трипати женет и трипати разведен, но со црвен каранфил на реверот и готов на четврти пат кога веќе не била трета среќа, далдисан во главната ролја дотолку што си ја понесува недопиената чаша.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тоа беше момент на широчина на духот, момент на искрено отварање на Еразмо кон Ирена: како цветовите кога се отвараат пред благиот отсјај на сончевиот нектар што се разлева низ дамарите; како школките кога се отвараат пред налетот на искрите на внатрешните бисери!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Стоев на влезот на широчината и ја полнев капата со џамлии, слики, копчиња, шпиртосани бубачки, перца, празни кутии од помада и безброј слични предмети. од неколку улици наоколу доаѓаа деца и ги оставаа своите играчки во мојата ученичка капа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Уште понепристапна стана широчината отколку во времето на Баждар кога кај багремите се преслија сложните Црни браќа - пет беспризорни момчиња, секој поинаков од другиот и секој сличен со другиот во брзото барање на најкус и најсигурен пат да го постигне она што го сака, она што ќе му донесе залак.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ја поминавме безизлезната улица и се упативме кон широчината. Кај багремите стоеше Пенчо.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сирхорамата им дава широчина, височина и длабочина на сликата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да ја наполнам душава со воздух. Очиве со широчина.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Кузман еднаш дојде на широчината и се прогласи за цар на Црните браќа барајќи од нив да го викаат Фантома.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)