школски (прид.)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Школскиот прислужник седеше зад нас на расклатен стол и строго нѐ гледаше.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Веднаш до неа лежеше накривениот школски глобус со своите меридијани што ги познавав и бев семожен над нив.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Некои деца се држат за скутот на мајките, други изгледаат некако достоинствено, подготвени да се фатат во костец со она што уште не го разбираат, но кое лебди врз школскиот двор како фантом.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Се сеќавам, во време на Панк наездата, еден мој школски другар целосно предаден на ерозијата на музиката, потрупан со амблеми на декадентниот рок, пред портата, на тогаш единствениот, универзитет во нашава Македонија, со цинична насмевка ме извести дека факултетот го влечка со години затоа што не може да се разбуди на време и ги преспива испитите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Спроти џамлакот стоеше платното што го сликаше на ногалки од школска табла, а под неа кантички со бои, шперплоча како располовена крушковидна тиква за мешање на боите, шише терпентин и ќупче четки во различни големини и уште едно ќупче шпахли, исто во различни големини.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кројачите одбиваа да ми сошијат војничка блуза без еполети и закопчана до грло, од школските, географски карти го избришаа моето родно место, ја довлекоа мајка ми во некој Реонски комитет и ја натераа јавно на митинг да се откаже од мене.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Македонија е школски пример за фантастика
- за премин од едно на друго рамниште
на раскажување;
- за премин од реалниот во измислениот свет
- за губење на границите.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во пресудната 1948 година бродот на длабочина од 23 метри крај риечкото пристаниште ќе биде извлечен од специјализираното претпријатие Бродоспас и ќе го преземе Југословенската воена морнарица за свои потреби, а по реконструкцијата и обновата дел по дел ќе влезе во составот на морнарицата како школски брод Галеб, а подоцна ќе стане еден вид пловечка резиденција на Јосип Броз Тито.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ратка стана службеничка во Министерството за образование благодарејќи на поранешните врски и школски другари што татко ѝ ги имаше во тоа министерство.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во сите овие училишта наставата се одвивала на француски јазик, со француски школски книги и со наставници Французи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Таа се беше омажила најрано, букално од школска клупа, место на летен распуст, на трудничко боледување.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Берогројзењето обично се случуваше на почетокот на школската година, во периодот кој хрониките на школските тетратки го обележуваат како Есента во нашиот крај.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Се врати пет – шест години наназад и се виде себе си како води љубов со Билјана, најубавата девојка во генерацијата во школското ве- це кое мирисаше на лајна и амонијак.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Билјана го претстави Александар пред својот сопруг како добар школски другар кој е дојден на балот со Бојана.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Под закрила на ноќта, наредните денови Евреите на Закинтос заминуваа во планините, секоја група со организирани предводници, семејство по семејство наоѓајќи прибежишта по домовите на најчесто непознати луѓе. Вечерта пред да замине со своето семејство на побезбедно место, рабинот Елеазар Корео побара да го види својот пријател од школските денови.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сево ова беше една голема фарса, невозможна игра, која никогаш не би се случила како што предвидуваа школските воени стратези.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)