шпалир (м.)
Тоа го збунува новодојдениот, особено ако првпат се пробива со кола низ овој густ шпалир од коли...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Врвиме меѓу недогледен шпалир.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Луѓето жестоко се туркаа и се задушуваа меѓу работ на тротоарот (каде што во стегнат шпалир чекореа војниците) и ѕидовите од куќите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сиот кеј е плажа и шеталиште шпалир на ресторани и хотели.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)