шумно прил.

шумно (прил.)

Каде пред оваа маса пред овој памучен хоризонт без линии пред ова темно месо на земјата и ноќта измешано длабоко место и густо наеднаш поплава на очите и на просторите смрт Каде о каде ти јас ти море шумно и бескрајно ти монотоно поле хоризонтално уморено желно за исправено ветровито разведрување Каде о каде ти тесто густо на дождот и земјата човеку јас камену во рацете и во очите кал
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Наоколу лежеше тишина; во тишината се слушаше како шумно удираат притките по застојаната вода, од време на време прелетуваше со гладен крик понекоја птица риболовка или штрк.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Седејки в хаос од мислите мачни во земјата очите беше ги впила, бидејќи сонила соништа мрачни: Потпорните греди од нивната куќа се ведат, паѓаат шумно во мракот.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Она, што подоцна можеше да се нарече крвави последици од скршениот излог всушност и настана токму од тоа мирно свлекување на стаклениот џамлак низ кој наеднаш , како низ одзатната стерна, добитокот шумно потече.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа по неговите улици беше многу живо и шумно и дење и ноќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дур возот без починка рони во времето на ритамот монотон вечерва ти си задремала. Не спи, не заспивај, уморена. Колку е тежок тој мир на твоите образи живи кога патуваат шумно сите предмети мртви. Со бакнежот на погледот мој што чука на твоите клепки заклопени ти ги отворам очите сонливи.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Јадри капки паѓаа шумно и во лочките креваа клобурци. Од оголените гранки се слеваа водени нишки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сосема заборавив дека сум на погреб, а една од душичките што дишеше шумно зад мене, се накашла.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разврте кметот околу прозорецот, запуфка со лулето шумно и неспокојно, а потоа пак му пријде: - Добро, да речеме дека за тоа не знаеш ништо.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Богуле, при жулкањето на нејзините коси, го допираше и носот да ѝ ги помириса при што го губеше носот во нејзиниот густеж шумно шмркајќи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Дишеше шумно, беше тркач кој не верува дека стасал на целта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шумно беше во крчмата. Зад преграда се караа груби гласови и се надвикуваа, зарипнати.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Косачката. Тркало во тркало. Проста машина што ја држите во рацете, што ја туркате напред итајќи шумно, додека чекорите напред со вашата тивка филозофија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Шумно лисје низ гора се стели, в честа гора гори силен пламен, а крај оган седат борци млади, ечи песна од јуначки гради: „Се бориме под Гоцево знаме!"
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Го слушаше своето шумно дишење и оживеаната болка во раката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Андон со почит ме чистеше од сламки и шумно дишеше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Безброј огнени змии шумно ползеа околу мене разбудувајќи во мене желба да се борам и да живеам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Пак ја местам во санката бледата, растреперена Надењка, пак летаме во страшната пропаст, пак ветерот фучи и лизгалките на санката треперат, и пак, кога санката најбрзо и шумно лета, јас велам полугласно: – Ве љубам, Надењка!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дишеше шумно низ нос, не во исчекување да станам и да го доведам до местото за кое беше уверен дека го знам, дека привремено е моја тајна, туку во занес на човек од кого ништо не може да се сокрие.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе