ѓезве (ср.)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
И повтор предметите на себеси заличија А синиот пламен од плинот под ѓезвето не личеше веќе на оган од летечка чинија.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Во меѓувреме во библиотеката влезе госпоѓа Камилска со две жолти бакарни ѓезвиња со сварено кафе и два мали филџани во бакарна навлака и две мали празни чашки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Отиде до печката и го запали гасот под алуминиумското ѓезве.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Рози побрза кон него и го намали пламенот под него, и ѓезвето се стиши во рамномерно и умерено филтрирање.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Боге и Маре останаа да го поделат останатото кафе во ѓезвето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Запре уште на зборовите, кои можеа да имаат привлечно и провокативно значење како: тас, поголем или помал сад во зависност од намената, за црпење вода, за капење во амам, дел од вага и друго (од арапски tas); ѓезве, специјален мал сад за варење кафе, обично со количина за една чашка кафе, но постоеле и поголеми ѓезвиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
— Пукна ѓаволот, — си рече Бисера и го фати под мишка, го заведе дома, му даде столче, го кладе ѓезвето за кафе и седнаа да се разговараат како родители и чедо по две три години.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. Не можеше да го дочека ѓезвето да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. Му ги избакна рацете и му благодари за големиот подарок кој утринава ѝ го вети.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тоа влезе со еден филџан и полно гезве „сааде“ кафе, а Адем го кладе да седи до него на миндерлакот и почна да го гледа право в очи: — Е, Кате? Слушна што зборував јас со чорбаџи Јован, а?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ѓезвето во оганот веќе брои.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Море, отрова, ќерко, отрова клади, а не каве! — рече попот кога Бисера стана да тура кафе во ѓезвето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
продавачите на железарија ја растуриле сермијата крај патот (маши, пирустии, кации, потковки, секири, српови, коси, сорови, синџири, тепсии, ибрици, ѓумчиња, аванчиња, легени, кантари, саанови, котли, ѓезвиња, кандила, фенери) и тропаат со ѕвонци за да го привлечат вниманието на луѓето;
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Со ѓезве кафе во едната рака и слушалката во другата средовечниот капетан само го слушаше својот соговорник.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Камилски се сети, запишувајќи го овој збор, дека Мајка ги служи кафе кога работи со Татко во две мали ѓезвиња со чаши обложени со тенок бакар.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)