јамб (м.)
При сето ова од трохејот до јамбот – сѐ е ставено во припомош за да ја донагласи возбудата или сосема да ја смраќи тагата на поетот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
1. Грозна смеа
Опеј, ја Божице, дарбата за светогрдие
за иноказание, за смеа грозна низ плач и жолч
изречи ја славно на смртниците поругата,
подбивот и јамбот, отровниот рев
шегата пој ја на раѓањето и смртта
маската, порокот и гревот
опиши го, Вечна, на киклопот кикотот
кркорот на крвта
во обрач од стих завиено и сласно
растури го кругот, барутот, чаурата
со метар, а безмерно смерно
во речта магично обратена,17со очи на тилот
во стар образ, а со друга вера
- кој прв спомна на Бога Име
небаре ќе го снема ако не има
во времето знак
да биде освен вера, завера
освен пат и бездна
отсутен а присутен
по севезден ѕвезден?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
По Адама сите умираат, по Исуса - сите оживуваат. Ти чиј си: Исусов, Адамов? - Адамов и Аврамов, син на јамбови и сни...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Покасно беше панкер, па хеви–металец (на граница со хипик), па првак у јамб у гимназија...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)