јасен (м.)
Стоеше под гола мошне разгранета липа и под безбојната старомодна наметка на толку висока како што мислев дека е, без јасен лик и со спуштени раце, неподвижна.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Патот заврши со густеж од високи јасенови дрвја.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Никој не видел како Јаков Иконописец му дошол на старешината зад грб да му ги стиска плешките со три остри запци на куса јасенова вила.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дури и од пенушките на црниот јасен ќе шибнат сочни прачки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Удирал и не броел. И не гледал каде паѓа изделканата јасенова гранка.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да можеа да се доберат до него во таа долга ноќ, ќе го дереа и ќе му ги корнеа ноктите, ќе го наденуваа на зашилено јасеново стебло.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беа тоа млади јасени, што некогаш биле исечени, па повторно потерале цела шума од фиданки, меѓу кои немаше ниту една подебела од глуждот над раката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Многу видех, многу знајам и теглих ја многу откак себе помнам, синко, и до ден денеска не с'м видела ден јасен, весела година...
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)