јасли (само мн.)
Се истрча надвор, зеде една рогузина од чардакот и едно најискинато покровче, ги внесе дома, ја посла рогузината на женскиот кат, го зеде коритцето што ги капеше нејзините деца, го кладе зглавје надолу со главата (така лежат леунките по Мариово) и истрча долни крај кај јаслите да види што направи Доста.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пристигаат троми пристигаат уморените коњи на просторот (дождови бледи беспатни и неми) пред јаслите на моите дланови на прозорот
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И го собирам угризот од јаслите, ја требам од крлежи околу вимето и пак се враќам назад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А кај да го сместам кога нема ни домови, ни детски јасли.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Од долното било надолу е долни крај. Таму се јаслите каде што се врзуваат добиците и во кои раѓаат жените повеќе машки деца, каде што на гредите спијат кокошките, а под јаслите — свињето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Јас ѝ ги подринувам лепешките, скубнувам слама од кошот и ѝ фрлам во јаслите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Само таквиот малуброен слој на граѓанство, припиени до владеачките јасли, се напојуваа како сушни предели, останатите слоеви беа немоќни набљудувачи....
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сужните ги втераа во еден од авурите и ги затворија заедно со дванаесетте коњи; им дадоа пак по парче леб и по некоја голтка вода и им ги заклучија рацете, врзувајќи ги крајните синџири за по еден од диреците на јаслите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Збива некоја и друга минута, испружена крај јаслите во сламата, и кога веќе падна и уложјето од неа, сети дека опасноста на половина е помината.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Еве на пример, во секоја гимназија, училиште, градинка или јасли виси по некој слоган од типот „Обиди се, обиди се пак, обиди се поинаку, воочи ја грешката и обиди се со корекција, обиди се на некое друго место, обиди се со други луѓе - но не престанувај да се обидуваш!“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Се качи во плевната, нафрла во јаслите сено, не водејќи сметка колку и како фрла.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Почна со јаслите од долни крај, продолжи со амбарите, каците, ноќвите, а кога и овие се досвршија им се загнаа на кочините, говедарниците, та дојде редот и на племните во кои живееја селаните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Стефан беснееше, се престоруваше во гуштер одвратен, во молец што ги јаде јаслите сопствени; Пелазгиј веќе сосема побледе и само јас видов дека дланката од десната рака на Писмородецот му се стега под ризата во тупаница.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Железничар, сигурна плата, државно јасле, дебел детски додаток и не му ја мислам ниту на сушата, ниту на градот, не зјапам во небесата како тогаш.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мирче не се плачеше од јадењето, вели, им краделе рогушки на маските, чинеле наврти му се на рогушките во јаслите, вели, и одбирај од најголемите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Потоа ја собра по јаслите неизедената слама и ја распосла по земјата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ме чувала додека мама била на работа, не се согласила да ме носат во јасли и градинка - како што ги носат другите деца.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)