јатрва ж.

јатрва (ж.)

Ленче си го имаше муабетот со јатрвата оставајќи ги прво децата да се видат, па подоцна се упати накај внучето, додека мажите сите се вдадоа во бурни разговори на политички и економски теми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Волната јатрвите ја поделија уште пролетоска на три дела.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Потоа ја запече малку сланината, ги нафрла во тукот колбасите и, да се покаже пред новата јатрва салам домаќинка, стана, извади од вратките на ноќвите едно грне полно со јајца и удри да крши врз колбасите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе си фрлам вода на очите и ќе отрчам кај Уља, кај јатрва ми, да ги толмачиме соништата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постојав уште малку така над трагите мои, зашеметена и тргнавме да се враќаме дома. Со Уља, со јатрва ми.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јатрва ѝ Митра, која цела година гледаше кај мава Доста, побрза со задоволство да ѝ соопшти дека попот отишол кај Жиовчеви со услов да и венча децата кога ќе потпораснат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се сложија браќата и јатрвите, и си тргнаа по работичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И почнаа јатрвите да се натпреваруваат во работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој, натема го, во сите шие... по мене трчала и јатрва ми Уља, ама јас не сум ја видела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И како што плачам и си редам така, Уља, јатрва ми, ме шиба со лактот, ме тргна за ракавот и ми вели: - Запри малку, Велико, знаеш дека две деца ѝ предаде на земјата, вели, знаеш дека еднозадруго ги закопа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А пак Рожденката, бидејќи се раскара и се дели со јатрва си Митра, се нафрли на стрико Маловите невести, а особено на помладата Тода и само кај неа имаше доверба, и само таму ја пушташе сама Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја растоварија золви, јатрви од венци, нетопи, решмиња, ѕрѕулки, дури му ја опашаа на зетот и го пуштија внатре со едно барде вода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сега многу деца имаа гушки. Гушка почна да ѝ расте и на Горица. Од јатрва ми, Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зедов казма, лопата и отидов. Ја оставив Уља, јатрва ми, да варди дури да се вратам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И се пуштаме со јатрва ми Уља, ги отпетлуваме рацете, прстите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Е, ај, сега да си одиме, ѝ велам на Уља, на јатрва ми. Во умот пак ми е Јон: да не се врати, да не ме најде дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го внесовме некако со Уља, со јатрва ми. Го легнавме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Видоа, не видоа и се вратија. Се врати и јатрва ми, Уља.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јатрвите се измија уште еднаш, Митра од брашното, Доста од правот и саѓите, и се приготвија за појадок.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе