јури (несв.)
За тоа време една кола на противпожарната милиција веќе јуреше по улиците на градот страшно завивајќи со сирената.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тропотот на коњите баботеше низ селото како да јури коњица.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога ги слече и панталоните и здолништето од на себе, коњот го почувствува нејзиното голо тело на себе, ги почувствува нејзините голи и врели ципи стегнати на неговиот мев и се возбуди така силно што зафати да јури со сета сила и да 'ржи со крената глава.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А железницата јуреше низ темнината со најголема брзина; за скок не можеше ни да се помисли – при таква брзина бездруго би се разбиле на камењата крај пругата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Јурам натаму да ги пречекам додека не влегле.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
По насипот веќе се спуштаа неколку бригадирци со количиња, јурејќи силовито еден по друг.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Повторно јурев кон содржината на новата депеша.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така и ние децата. Се собравме цела сурија и јуревме на месечината крај луѓето и низ луѓето нагоре и надолу сѐ до пред црковната порта.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Даниел се движеше со голема брзина во својата сопствена орбита, една во универзумот на другите, сите јуреа кон дестинациите и кон судбините што не беа нивни избор.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
7. О иде иде слушате ли иде песната таа крупноока желба За мене иде во час ненаспан и за вас иде што спиете морни И пее пее со илјада гласои низ мракот пее за денот ви пее О мугро бела бели посестрими цветови млади во темнава мрака доаѓате ми дојдовте и сега рацете ми се куси да ве стасам И веќе јурам зборот да го најдам за да ја речам да ја изболам тагата на ноќите без сон и радоста што толку ви ја сонев
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Гледаш од далеку јури локомотива право кон тебе, а ти, да те нема.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Зад него јурат две лимузини и еден автобус, па моторциклисти со развеани виндјакни.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Кон каква среќа јурев, за чија несреќа требаше да го известам високото раководство на земјата која ја претставував?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И еве сега, без карти, застојани до отворениот прозорец, јурат со железницата низ темната ноќ, а прохладниот ветер си игра со нивните немирни коси.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
И времето надвор боледува од астма: сонцето, бледо, без сјај, се потпира на голите гранки и се тресе од студ; ветерот јури преку црните ораници како коњица во паника и фрла игличести капки дожд по вагоните.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тој се така гледа низ прозорецот во пејзажите, во бандерите што јурат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали добро јуреше автомобилот - не знаеше, бесен и луто напрегнат само ги чувствуваше од обете страни оловните колкови на болничарите и полудуваше од смислени одмазди за овој жиг отпечатен врз неговото чело.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Експресот јуреше по германските рамници кон Кобленц, а често се доближуваше до бреговите на Рајна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)