љубопитство ср.

љубопитство (ср.)

Дали ме стана некое љубопитство да видам што родив, да се осигурам, што се вели, или некоја непозната жал ми ја сврте главата кон детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Прилично тешко ги утврдуваш разликите што ти го скокоткаат љубопитството, отворено ми се ругаше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тој туѓинец не најде за потребно, барем од љубопитство, да се помести и да наѕирне што се случува зад него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сепак љубопитството ме натера да испитам како стојат работите по другите тезги долж патот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој забележа како Џулија ја крева својата чаша и ја помирисува со искрено љубопитство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше само негово врело љубопитство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој не можеше да го скрие своето љубопитство: Гледам и се чудам, драг пријателе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа не се баш истите песни и приказни што ги слушаше од дедо му – детското љубопитство денес го храни моќниот сезнајко телевизијата, и внукот, и покрај побелените влакна во косата, е понекогаш едноставно човечки немоќен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќето од луѓето не му обрнуваа никакво внимание на Винстон: неколкумина се обѕрнаа по него со претпазливо љубопитство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ние децата на самракот што меко легнува во ходникот Ние што ѝ тежиме на тежата на земјата Ние што љубиме од љубопитство Ние што не признаваме владетел во зборот формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на паднати борци со шестари в раце Ние со центарот в срце Ние избодени од игли Ние што кротко се собираме во црно-белата слика Ние од портретот групен формираме Независна Илегална Единица Пророк Ние децата на ветрот со очи во темната шума Ние громобрани на очајот развлечени во поворка Ние што подаваме рака над космичката постела Ние - тајната на светот формираме Независна Илегална Единица Пророк
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Зад ригестите панталани се појавува руса детска глава, тркалезни очички, полни со ведрина, го гледаат со наивно љубопитство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не се уплаши, но повеќе од љубипитство се сврте натаму.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Во неговата насмевка повторно поигруваа измешани поругата и љубопитството.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го закопка љубопитството: кој ли е овој чуден другар?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Јас со љубопитство наслушнав бидејќи во последните денови нешто слушнав за овој Тарасевич - соблазниво и тревожно во највисока мерка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Значи, се охрабрив јас, луѓето знаат, но имаат свој начин во покажувањето на својата заинтересираност и љубопитство.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во други денови во мене се побудуваше љубопитство да разберам каква учителка е и како се однесува кон децата, но не можев многу да разберам од првачињата, тие беа сосема малечки.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Јас ги отфрлив грижите. Но љубопитството го сочував!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе