ќути (несв.)
Сака да седи на сонце и да ќути со пријателите.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
— Ќути да не се врате да чуе па да не запале овде сете да изгореме, како глувци! — вели стрико му Куле и почна да го советува да не си го брка касметот што му го навеал господ, благодарејќи на милоста од бегот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ќути што ја бараат, инаку остана ни таму ни ваму, бележана.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ќути и трај. Сега си пратеник и баш те боли Стојко Вранкович за народ, си викам со паметов.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Барем да можеше да ќути!...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Ќутеа така неколку време, дури Франц не се отме од замисленоста.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- И ја сакам да предавам - се јави падавичарот Кољо. - Ќути бе ти пичка ти матер.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
„Томе, Томе, ќути ле, аман“ ѝ шепкаше Тинето и ја тегнеше под масата за раката надолу за да престане.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
ДАРА: (му дава знак да ќути) Нека си почине ...
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
ЖЕНАТА: Ќути бре, дете, гризни јазик.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)