џагор (м.)

Меѓу селаните настава џагор. Им се виде дека изборот на дедот поп е одличен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во салата настана џагор и се кренаа повеќе раце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во таа жива и занесна, толку драга какофонија на гласови шумови, џагор, ведри повици, цивкање на деца, од некаде се слуша тажникав звук на вергл.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нушиќ забележал дека се случува нешто необично, бидејќи во салата се создал тивок жагор и видел дека се пренесува нешто од клупа во клупа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Свртија круг до офицерскиот дом и полека се враќаа накај „Корзо“ слушајќи го живиот жагор на луѓето кој допираше од бистрото.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Девојчињата седеа дома, а пред портите на куќите излегуваа само постарите Еврејки и во топлите летни ноќи, додека ветрецот го носи мирисот на Дунав, џагорот на бродарите и јазици допловени од далечини, пееја романси донесени речиси пред пет века од Шпанија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лежев и гледав во таванот како да набљудувам ѕвезди. Тоа беа рефлексии од џагор, забава и понекоја пијана мисла.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
И џагорот стивнува, и в миг се групираат по одделенија, и влегуваат во училишната зграда, низ скалила, низ ходници - се рапределуваат секое одделение во сопствена училница.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По тој настан, натопен со крв и џагор на колеж, никој не се стутулил под јакуцка, малодушнички да се враќа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Врти се роју умен, вртлогу ти кој си на небо, биди на земја вртилишта, улишта, восочни легла рам-меморија на приземје и кат давам за твојот „латински џагор“26за твојот бесценет секрет меден збор, афродизијак и медовината капната од небо ти ја давам на серафим налик и на мираз од нечија блага душа и изблик на вечноста ти нудам „гола како кокошкин врат“ за да се собереш, сакана да дојдеш на врв врба во моето гнездо озарено со етер со екстракт од масло со медоносно билје ти нудам енигматични игри крстословки, ребуси пополнување на празнините и сотките осмислување на келиите - безбројните восочни клетки ко минијатурни смрчки
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во долгиот хол без прозорци, со неговите два реда полукабини, исполнет со постојано шушкање на хартија и со џагор од гласови што мрморат во говорпишувачите работеа десетици луѓе што Винстон не ги знаеше дури ни по име, иако секојдневно ги гледаше како брзаат горе-долу низ ходниците, или како гестикулираат за време на Двете минути омраза.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гласот од другата маса продолжуваше брзо да квака, распознатлив и покрај околниот џагор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во дворот на солунската гимназија се слуша врева и џагор.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во ушите ѕунат хаосни гласови, некоја далечна мелодија се раскинува од џагор, тропот на наланчиња по калдрма, нестројно тешко удирање по наковална и тивко пеење и страсно шепотење на нечии познати усни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И колку повеќе џагор ќе имаше во нашата куќа за првомајските празници.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тие може да бидат и делови кои се одделени стилски со точка: Тој, таа, децата, само обврски без одмор. – Над реката планина, над планината небо, небо до бесконечност. – Ниски цени за долги разговори и успешни договори.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
- Да не му доаѓа од зборот резил?... - општа смеа која помина во џагор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во истиот миг сиот џагор замре и околу четиристотини очи беа вперени во него.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Потоа тој многугласен џагор, го покрива единствениот писок на локомотивата која поаѓа, тешко збивтајќи под товарот на долгата композиција што почнува да ја влече; товар што, од транспорт до транспорт, брои илјадници луѓе, милиони спомени, многу очаи, еден страв и нешто преостаната надеж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе