витка (несв.)
Лист по лист грам по грам во муграта видов нов наркоман од темни зори трава тој витка до бели мугри жарчиња џитка
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Дува силен ветер, ги витка трските, носејќи го стреловито чунот по водата.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Штицата беше од обете страни потпрена на два камена и кога поминуваа преку неа, таа се виткаше и се нишаше толку, што се чинеше дека ќе се скрши под тежината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Патот, којшто потсетуваше на долга змија која со нејзиното издолжено тело се протега и витка на жешкото сонце , водеше до малата бистра рекичка на која имаше дрвено мосте.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Во манастирот оѕвиваа тапаните и свирките и се виткаа ората во манастирските дворови: играа оние што дошле уште од синоќа и ноќта ја минале во веселба.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Се поздравуваат со Дај Бог, често се крстуваат со Перун и Митра, во нивна чест, во чест на овие старославјански божества, садат перуника и ги виткаат портите, вратите и прозорците на куќите со зеленило.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На ливада росна го чекаш ти мај ништо не превземај пивото дај целиот живот кичмата виткај ти пак во Сарај, а тој во Дубаи
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Сакаше уште некоја држава да спомне, ама се поткаса и почна да витка тутун.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А човекот со хармониката, спечен и со удови на инсект, се виткаше и пиеше вино со затворени очи додека еден младинец му ја држеше стомната на уста, куц, тој со години подвижноста ја пренесувал во колковите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зелкава на Фејсбук машала ми напредува. Уште малку сарми ќе виткаме.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Се смолзгаме сега од вагоните со бавни движења, како гуштерици на студ: ни коска се мрда, ни жила се витка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отстрана шибјето се витка пред градите и удира душмански по лицето.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
И почнаа да се виткаат листовите на огнот, да се мешаат љубовните зборови упатени до мене, со оние упатени до неа, испишани со истиот ракопис, како што ни се мешале микробите од устата, патогени и непатогени, и вагиналната флора...
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А Витомир уште со прво се фати за тутунот. Само витка цигара за цигара и само чади. Чади и јаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Прстените во `рбетот му се трошеа и тој се виткаше стискајќи ги со брада ковчестите гради.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се виткаше орото ечеа свирките. Се заборавија маките, си тргна животот по својот тек.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Некои се смеат, се мочаат од смеење, некои само се виткаат и се држат за мевот, под папокот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Банчината зграда се лула и витка, фенерот паѓа врз калдрмата и матно се разлева.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Темнината се витка, трепери и се раскинува во плашливо буричкање со светлоста од свеќата.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)