војува несв.
војувач м.

војува (несв.)

Сега и мене ми иде така. ,Диверзија е таков вид на војување која има цел да го изненади непријателот, да му нанесе што поголеми загуби во луѓе и техника.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие велеа: „Ние не сакаме ни една држава да војува за нас: тие можат просто да ги испратат своите флоти во Солун и да ја принудат Турција да ни даде реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
46. Другото нешто што се бара од нас е да се обрнеме кон нашите браќа што војуваат во татковината наша да го положат оружјето за да им се даде возможност на Русија и на другите сили да ги преземат сите мерки што зависат од нив за да се задоволат сите наши религиозни, национални и економски интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При таквите географски услови јасно е оти Македонците не можеа да се ослободат од Византија и готови беа да му бидат сојузници на секој непријател што ќе војува против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се исполнат нашите сакања требаше да се војува со Турција; само по победување ќе можеше да се натера Турција да ги исполни нашите сакања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но каков беше резултатот од таа војна? Русите и понапред војуваа со Турција и ги ослободија со своја крв скоро сите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е војување со ограничени цели, меѓу борци кои не можат меѓусебно да се уништат, кои немаат материјална причина за борба и кои не ги дели никаква суштинска идеолошка разлика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Бугарскиот војник знае само за смеа и веселба и кога работи и кога војува.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јаничарите израснати во и крај царската палата султанот ќе го сметаат и за нивен симболичен татко, кој ги храни и воспитува, ги подготвува да војуваат за него и царството.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Но новите управници во Бугарија ни велат: тоа е Русија крива; Русија се плаши од една голема Бугарија и затоа: таа го кладе Фирмилијана, таа сега не сака да ѝ даде на Македонија автономија, таа не нѐ остави нас да се подготвиме и да војуваме со Турција.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Камилски мина низ вистинска аскеза додека војуваше со овие пет опасни турцизми, кои ги поврзуваше со својот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оставија да стане востанието, мислејќи дека ако не „самостојната” политика, тогаш крвта на Македонците ќе ја натера „великата ослободителка” да си ги остави своите работи и да дојде да војува за нас, за да ја повикаат после во Берлин и да ја загуби Манџурија и влијанието во Персија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако биле заземени градовите, Бурите ја продолжиле борбата со партизанско војување. Дури на 1.7.1902 год. Англија ги присилила Бурите да потпишат мир и како автономни републики да влезат во Британската Империја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И си спомна дека тогаш уште рече: - Другари, владината војска се прилагодува на партизанската тактика на војување, а ние сакаме да се откажеме од неа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во наше време, тие воопшто не војуваат едни против други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Господи, таква треска веќе никој никогаш на светов не ќе има: меѓу гробовите се движат еден преку друг зелени коњоштипи, лепливи богомолки и гасеници: гризат камен, голтаат песок и иловица: нивната алчност ја истанчува земјата - под неа се отвораат зелени бездни од кои по ништо се качуваат стоногалки, жегавици и пајаци: гнасните бубачки ќе војуваат меѓу себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чпртото носе кое благоста на детското лице ја правеше уште подетска, го затапуваше впечатокот од силните веѓи и густите трепки, кои од горниот дел на лицето веќе војуваа со оној што го гледаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ги бараа и оние земји што војуваа и оние што не беа во војна.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Повеќе