дебелее несв.

дебелее (несв.)

Нивната самоувереност ги чува, ги смирува, тие се дебелеат додека би можеле да се распаѓаат и да умираат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ако не си знаел, ќе ти кажам. Дивите свињи се дебелеат од мрша. Не си ги јадел. Утре тие ќе те лапаат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дебелеењето ѝ започнало уште од малечка. За тоа најмногу допринела мајка ѝ, жена му на Илко, зашто ја доела прекумерно долго - цели седум години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се прпелкаат риби, кленови и крапови, на суво, доаѓаат диви вепришта, ги лапаат и се дебелеат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кала продолжи да се дебелее.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во дебелеењето, покрај апетитот, ѝ влијаеше и нејзината спокојност и рамнодушност за сѐ. Не се тревожеше за ништо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Освен тоа, се дебелеам и стареам. Нерадо се шминкам...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И така пак се редеа години, а таа само се дебелееше: постојано устата ѝ мелеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)