добро (ср.)
Во центрите на цивилизацијата војната не значи ништо повеќе од постојан недостиг на потрошни добра и од повременото треснување на некоја ракетна бомба која може да однесе неколку десетици животи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Паметувањето на тоа родство, тој произлез и тие интереси го натеруваат секој член од некој народ да се одрече од некои свои права и интереси за да му посвети дел од своите сили на општото добро.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
„Какво добро може да ти стори еден познат човек меѓу илјада непознати, ако сите освен него, се лошо расположени кон тебе?“, праша Логотетот со парабола умесна, оти ваистина, какво добро може да стори збор еден познат меѓу стотина непознати, како еден воин твој меѓу илјада непријатели?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
За мене некој бакшиш не ќе има на ова добро што ти го правам?
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Се разбира овие мои размисли требаше да се сфатат како метафора, како пофалба на доброто кон кое човекот со векови се стремел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Стори добро и ќе посакаш да сториш нова добрина; стори зло и нови зла душата ќе ти посака.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Тој е повеќе од сигурен дека таа мажачка е грешка и дека нема да излезе на добро.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
За доброто на вашето село, како и заради безбедноста на власта што ве штити, секој чесен човек е должен сѐ да стори за да се фати овој злосторник и одметник.“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во општество во кое натпреварот во основните културни добра е стожер на делувањето, луѓето не можат да бидат научени да се сакаат меѓусебно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И Симон е тип на интелектуалец кој оптира со политиката иако декларативно стреми кон универзалното Добро, но и човек за кого не е сосема извесно дали е способен да го почувствува и страдањето на поединецот, дали неговата хуманост и емпатија се наоѓаат само во зборовите, во интелектуалниот порив, но не и во срцето, и дали затоа во оној момент кога тие преминуваат во дела, доживуваат крах.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кога живеете во сиромашниот Трет свет, а преку оградата е олицетворението на Првиот, со сите свои добра, кои нема да можете да си дозволите со вашата минималната плата?
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ова добро не ќе ти го заборавам.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ние не сме заинтересирани за доброто на другите; ние сме заинтересирани исклучиво за власта.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Девојкине што си го замислувале како многу податлив и лесен тој премин од злото кон доброто не можеле а да не си ги исмеваат една на друга желбите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тој ти го направи ова добро.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
По лошото и добро ќе дојде.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Проблемот што да се прави со вишокот потрошни добра беше латентен во индустриското општество уште од крајот на деветнаесеттиот век.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Фреската во манастирот ни кажува дека и ангел и ѓавол имало во нас... И добро и зло...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не е наивно да веруваме дека доброто со добро ќе се врати.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)