док (м.)

По огромните докови се засили вревата... Река од забрзани луѓе, камиони, возови и бродови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпосле, кога еден од реморкерите беше речиси растоварен, тој отшета долу до докот и се качи на него.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Во истиот миг допре до него и го омаломошти мекиот, молежлив глас на Јакима, кој остана на докот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во миговите на разведрувања можеше да се види целото пространство, панорамата на реката, трите града, пристаништето, доковите што се збиваат покрај водата... пругата... сите бродови кои заминуваат... кои пак поминуваат малку погоре... зад брдата после полињата... кон морето, после Шатам... Тоа беше единствено чувство...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сред вревата Јаким остана сам на докот. Сосема сам...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од Елбасан патот нѐ однесе во Драч, во пристаништето. Пешачиме долж доковите, ги гледаме усидрените бродови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На докот имаше метеж, како и на правоаголниот тревник, но ритмот беше побавен, и очигледно со поголем ред.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон