изгаснат (прид.)
Мразеше темница, а изгаснатото светло само да го засилуваше чувството на клаустрофобија кое и онака го имаше. Почна да тропа по вратата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Каде си горка жено да видиш Изгаснато сонце кај крижу од брег на брег, од југ на југ Јагленосан да ме видиш Жив во дамнината?
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Тоа ќе биде ракопис на нашите изгаснати ѕвезди, Воден печат втиснат врз иднината.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И им прераскажува за нас Загледани во овие изгаснати огништа на душата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Потоа Геро го доискапи бинлакот до последната капка вино и екипата одеднаш клапна околу изгаснатото огниште, околу кое немаше ни ковче од речните пастрмки, а плетената амбалажа од црковното или селското вино се тркалаше по удолницата како празна кошница пред некој да ја прибере за пазар.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Темна маса со изгасната глазура, неколку редови книги зад стакло, позната репродукција, црна виолинска футрола в агол.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред тоа двајца безработници со изгаснати цигари в уста тапо гледаа во кавгаџиите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Веруваат дека вистината е светилка и ако ја окријат причината за изгаснатиот пламен мислат дека ќе откријат и кој го запалил!
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Светот не би постоел без нив“, ја заклучил својата разумна проповед Капетанот тресејќи ја изгаснатата лула од оградата на бродот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Меѓу нив го барав изгаснатото злато на меките кадри.“
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Високо во воздухот се распрснуваа тробојни ракети, се раѓаа со татнење и умираа треперливо и шушкаво во изгаснат лак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од спротивната страна се појави камион со изгаснати светла.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Неговото тело свикнуваше да прибере само толку сили, за уште еднаш да се зададе во уште еден залет на тоа пеколно пробивање, превиткувајќи се и цепејќи го тесниот премин низ сета непроодност на сивиот ѕид на угорницата, по која пред неговиот поглед почнаа да му се испреплетуваат и некакви синикави кругови, недофатливи, ужасно изгаснати и вртоглави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги отвори очите и се сврте кон детето. „Не, малечко„, рече. „Јас не сум поп. Јас сум ѕвезда со изгасната трага.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Небото беше сето растворено во таа сивина, станато некако изгаснато модро, без ниедна ѕвезда и скоро исчезнато, само со една половинка изгасната месечина, ниска, бела и разјадена од сивината.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мрак, рече. Доктор Мрак. Изгасната светулка. Мртво сонце.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беше само некоја изгасната невидливост, некоја бледа сенка, се кончеше во кночки свилени нишки од зад сите стебла, надоаѓајќи, празноока.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Нако седеше на троседот со главата зафрлена на наслонот, со левата рака на срцето, а десната на коленото - првата му беше згрчена во стисок, а меѓу прстите од втората држеше дополу испушена и веќе изгасната цигара.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во неговата темнина, низ ликот на оној, што го викаше просто Брате, се родија и многу прашања, кои дотогаш во него останувале постојано нерешени, а изгаснати.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)