ископ (м.)
Во заднината имаа неколку ископи во кој вежбаа брзо излегување за јуриш.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
За последен пат Глигор зарони во ископот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Ми се чини дека со ископот за проширување на патот, ги ископаа и гробиштата… не беа наши. Италијански беа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)