контра (прил.)

Бојана со своите зелени очи им фрли еден контра оган.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тука се тагува, се жали, се трча зад камионите двапати дневно, се плаче, а ако некој рече нешто што не чини, а никој денес не знае што чини и што не чини, тогаш на огласна табла како што го направиле редот: контра, луд, арамија, плашливец, неранимајко...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Одиме контра, одиме во еден правец.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Стани! - Па ти, па ти мори, ти си контра! - извика како попарена другарката...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- А ти колку шитна од новиот албум? - му поставуем контра питање - А бе не испечатија многу.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)