лов (м.)

Од македонскиот клуб ми кажуваат дека почнал големиот лов на луѓе и на Македонци.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби памтењето намерно ме лаже не е исто да се доживее и да се раскаже можеби сонот е фатаморгана и сонувачот можеби оние кои ме повикаа морето да им го вратам барем со збор и не се веќе риби можеби се реслови од некој дамна свршен лов или од оргијата која претстои меѓу морските широчини на овој од себе заведен свет како и да е јас и понатаму времето го мерам со сонот нив ги препознавам во нешто сосем лично и се одвикнувам од животот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Распространета низ целиот свет неа ја знаеја сите општества – оние кои живееја од ловот и оние кои сега живеат од електрониката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пеел со склопени очи и поднаведнат како во зазор што им го одзема времето на богатите, на умните и на покорисните од песнопојците зашто можеле да разговараат за свои работи, за политиката на европските земји кон Турција, за ловот и за коњите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како спомен на ловот издлабил во каменот писмо.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
„Ние мажите првин одиме на лов потем по пештерите - скришниот предизвик на светлоста - цртаме одбрани ловечки сцени со стрели и елени со копја и бизони.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Откако го собраа својот богат лов, другарите го свртеа чунот за назад.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Откако Камилски срдечно се поздрави со Татко, наврапито и внимателно го отвори волшебното жолто куферче, ги положи речниците врз масата, со тоа давајќи му на знаење на Татко дека е веднаш готов да започнат со ловот на опасните зборови, небаре тие ќе исчезнеа засекогаш без да ја доживеат замислената осуда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ама ја прикажаа и онаа друга страна на тоа време: ловот на црвени вештерки, ноќните акции на Кју-Клукс-Клан, конзервативните отпори кон новите уметнички движења, едукативните филмови во кои се опоменува младината на опасностите на новата музика, забраните за носење рокабили-фризури и подвртени фармерки по училиштата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Во сите чинови на претставата во театрите, во музеите и вон нив се учествуваше во лов и преобраќање на вратената емигрантска душа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На Татко му беше јасно дека беше започнат ловот на домашните сталинисти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Е, кога се врати една вечер татко ти од лов на зајаци, нели ни го раскажа она за чија што точност и самата навистина не сум сигурна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Одам во лов на души.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тоа траеше сѐ дури мечката не се доближи до неговото јарче, онаква распафтана и несмасна, а после и сѐ додека не зеде, пред негови очи, да го расчеречува со своите несмасни шепи неговиот лов и неговата среќа, тука, веднаш пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Земјата минува низ мачни искушенија: следеа монтирани процеси во името на класната борба, се множеа идеолошки и верски прогонства, придружени од страшен лов на вештерки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Никогаш не сакаше ловот да му биде таков, каков што можат да го сторат најсреќните околности, бидејќи многу ретко се случуваше тој да наиде токму онака, како што се сонува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку што почесто на левото рамо ти се откриваше прерамката, боја чоколадна, толку во воздухот што среќно си го делевме се множеа нечитливи пораки: среде ловостој, започнала новата сезона на ловот, на пример.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
И за ништо на светов не би го прекратил ловот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Основно занимање на населението останало земјоделството, сточарството и ловот.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Повеќе