мезе (ср.)
Најдоброто мезе се гости со ракија или рујно вино на чардакот кога душата ти сака, а Бог не се противи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но да ја оставиме нашата судбина. Да апнеме од мезето...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Каква ќе биде судбината на зборот мезе во нашата листа? запраша Камилски откако го почувствува лезетот на кавијарот од модар патлиџан.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Многумина си порачаа и понешто за јадење од сува храна — конзерви риби, разни суџуци, пастрма и сиренце и така, со мезето ја сврзаа вечерата да поминат на вино и да преседат докај полноќ на јасникот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Да, одиме на Нови Години во ресторани, фрламе пари за прослави по кафичи и таму јадиме мезе кое го спремила женската на келнерот, се пијаниме ко гојда, а на полноќ палиме петарди како недоветни.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Татко најпосле се смири. Касна уште еднаш од мезето.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ние чекаме леб да ни донесат, а ти бараш мезе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Келнерот донесе и мезе, туршија од минатата година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Келнерот донесе на масата врз татковите исцртани листови нова тура ракија со нови преполни чинивчиња мезе наполнети со јагнешки џигерчиња, сирење, туршија од модри патлиџани со лук. Честеше овој пат куќата.
„Граница“
од Луан Старова
Дедот поп одржа општ парастас над сите поскури и им дрпна едно: „Вечна им памет, бог да и прости, да се живи живите, бог да и прости умрените" и Петре ги прибра и одовде поскурите, а жените си ги зедоа пчениците и застанаа пред вратата на црквата со распарчани погачи — леб, сирење, риби и други мезиња, да раздадат за душите на покојниците: да им се најде на тој век.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
По завршувањето на обичаите килерџиите почнуваат да ги служат гостите со вино, ракија и мезиња: бонбони, леблебии и суво грозје.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
- Лудиот бега од пијаниот, - се јави сега филозофски кметот и пак си го заруска мезето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Дури вчера старите се занимаваа со црква и причест, младите со готвење погачи, мазници, благи ракии и мезиња, денес уште од утринта секоја млада, секоја стара, ќе се токми, ќе се ружа, според возраста, за на сретсело.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
За мезе имаа пивтија и печено чадено суво свинско месо и луканки што им ги носеа жените, а по вино, со котлиња и со котли, сами си одеа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Мајка влезе со цвеќето на Камилски, го стави во вазна среде книгите, а подоцна го донесе подавалникот со двете чашки, бокалчето полно со жолта ракија и свежото мезе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нешто подоцна тој ја замоли Петра да му донесе уште една мастика со „некоја маслинка“ за мезе и им се радуваше на неколкуте чаши вино што ќе ги испие со реш печена кременадла каква што ќе ја порача.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Што ти е тоа во ракавот? - му забележуваш во шинелската манжетна: тоа е уште на линијата од твојата размисла, зашто се работи за книга, а од друга страна го прекинува неговиот монолог за мезето.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Овие рипки можат да се видат на сите трпези. Богатите ги пржат или печат јадејќи ги како мезе со вино.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)