насмеан (прид.)
Во насмеаната уста недостасуваат два предни заба. Не од скорбут, од спорт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Носи две маски, обете машки, едната насмеана, другата тажна. Ја задржува на себе тажната. Насмеаната ја фрла преку кесето со јаболките.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
И не беше толку страшно штом можеш да ме видиш волку насмеана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но во тој момент се зададе пак овчарот со насмеан сурат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Богословот се врати насмеан и повисок. Со своето враќање го врати и него од неговиот свет.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Овие патувања се одвивале во избрани места, се минувало низ „тунели” кои воделе низ избраните рајски предели, тераси- градини на ридовите, ведри и насмеани колони работници, за да кулминира пропагандата во музеите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
А младинците се враќаа дома засрамени и насмеани.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
По светлото небо пловеше месечината, наѕираше во колибата со своето насмеано лице и како да им се потсмеваше на двајцата заспани другари.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ако го најдам, ќе ви постелам бело зглавје за да се доспиете во главата на последниот од последните оџачари скопски, насмеана меѓу устите на покривите и последните снегулки на светлината, кои паѓаат во устите и веднаш се топат, како сладок панаѓурски памук на стапче.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Уште од рано Деницата излезе јасна, како солза, и со своите искри разнесе на сите четири страни вест дека овој Велигден ќе биде насмеан.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Млади парови – насмеани и гласовити, прегрнати во од си делат бакнежи и никој не им обрнува внимание и воопшто не им е гајле што и како мислат другите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го зема ластикот и со остатокот од хартиените топчиња го гаѓа својот пријател сликар, на што овој панично се буди и шокирано зее на насмеаниот и разигран Фјодор.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ми се пристори како да го гледам на перонот... Насмеан.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Постојано беше ведра и насмеана.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
На син облак качен стои простум стрико Бојан Димански, ни рајски ни адски, и насмеано гледа кон земјата и кон мене и во писмото во моите раце, кое сетака чадеше и кадеше и ги гореше прстите мои.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Маќеата немаше никаква врска со тоа – таа беше симпатична, насмеана жена, која имаше навика постојано да ја зафрла темната коса со левата рака и да ги допира сите со кои зборуваше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во канцеларијата пред онаа на претседателот, ја дочека насмеано лице на убава млада секретарка. Облечена со вкус и нашминкана.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Само за миг, а потоа убавата насмеана невеста го прегрна и го бакна човекот на скалите од катедралата и за рака со зетот, исто така насмеан и убав, потрчаа покрај него кон паркираните автомобили.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Соголената черупка, повеќе насмеана од кога и да било во животот, се намалила без она малку коса и брада што пред тоа се лелееле на ветар и што било знаме на еден крај, сѐ додека некој килав Јаков од Кукулино не се сетил да ја завитка во безбојна крпа и кришум да ја закопа на песокливиот брег на Давидица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)