нишан (м.)

Низ нишан ќе ѕирнеш - смрт ѕиркаш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Избезумен со глава го удри в лице и во истиот миг му го откина од рака камшикот и му врза два нишани од уво до уво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не смееја да се качат на коњите, за да не бидат на нишан...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Мечка која има мечиња не излегува лесно на нишан...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Имајте го Младичот постојано на нишан и ако ви се види макар што сомнително удрете со сите куршуми во него, макар и не го убиле Ѓорчета.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На нишан сме си. Ќе пукаш или да пукам?
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Не случајно на нишан на стратезите на комунистичките идеи беше апокалипсата, визијата од светите книги за крајот на човештвото, историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Додека чекорев низ темните коридори на Атеистичкиот музеј, како во вистинско подземје на потиснатиот дух на народот, ми се наложуваше во различни изблици прашањето – за толерантноста на Албанците низ троверјето кое овде во Атеистичкиот музеј беше на нишан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Добро. – промрмори Бугаринот затегнувајќи ја пушката, ја подготви за нишан за Нисе, па почна да брои... –Еден, два..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Или не знаат да нишанат, или нишаните не им чинат, велат. И на оние отаде и на овие одаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Тука се пикнавме во ровови и бункери и на тој начин постојано бевме на нишан.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таму тој веќе ѝ имаше пратено нишан на стројничката Мискарица.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Додека куршумот се колеба во нишанот таа верува во истрелот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Каква беше таа? Убавица без убави нишани на лицето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Французите си имаа свои стратегиски цели, ама ни ја посадија Европа со сите нишани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тие времиња ако беше земен на нишан, сигурно ќе те погодеа, зашто не се знаеше кој сѐ нѐ стрела, кој поради себе, кој поради козите, кој поради кариерата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од секоја свадба, каде што оди сводник, добива по едно рало чевли, и тоа некаде со голема пот заслужени, а овде ќе оди на готова работа, колку „нишан таши“, да не се рече оти зетот сам сводник си бил, што нема да биде лага.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Птицата се сврте кон него, го фокусира шашливиот поглед преку нишанот на својот клун право во неговата глава, па кресна нешто просто и пцостно, го напрчи ветрилото на опашот и навистина одлета, ама не како избркана туку како поканета.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нишански домет: 5000 метри. Успешно дејство до 400 метри. За групни цели до 1000 метри. Авиони до 5000 метри. Борбена брзина на гаѓање: 10 куршуми во минута.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прво го гледаш како се тркала во водата како морско прасе, потоа го гледаш низ нишанот на пушката од хеликоптерот, потоа беше целиот издупчен и морето околу него поцрвене и тој потона ненадејно како низ дупките да се наполнил со вода; Публиката се дереше од смеење кога потона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе