образ (м.)

Детето цица, ги подотвора очињата, потклоцнува со ножињата и една мала шурка млеко му се одблиснува на обравчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На образите остатоци од убавината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пламенот што се превиткува во средината на земјанката го осветли нејзиниот десен образ огрден со дебела лузна во чија средина сѐ уште е залепен загноен струп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Такви заверки не им се даваат само на Словените Ами на сите кои отшто си ги вардат сопствените образи Ѓоа не ги разбираат потребите на новото време
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Штипкањето на студот кое кажуваше дека температурата паднала под дваесеттиот и некој степен го сети само на носот и на горниот дел од образите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Фимка се вкочани, се стаписа, ѝ затрепери долната усна, се разигра мускулот на образот, пот студен ороси чело, немошница ја совлада.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Среќа дека помеѓу жените нема толку многу кодоши, како помеѓу нас, мажите, ја пофали тој и ја погали по образот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа виде, како пред тоа, му трепереа прстите, му се тресеше брадичето, му се разигра мускулот на левиот образ.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Лесна потиштеност го обзеде мојот спокој, Ко гранче шимшир со горчлив вкус, насмевка по образот, во виртуелен свет...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го доближив кундакот до образот и го пронижав кај што се држеше со рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ветерчето тажно зашумоли низ гранките Паднаа првите капки од дождот, по моите нежни образи.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Го принесе до лицето и му ги мазнеше меките влакна од својот образ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не го давам Велигден Студот што му ги штипкаше образите по својата ледена горливост беше исто толку постојан како и оној срам поради кој е сега овде.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сакаа да му ги штипат образите кои веќе одамна не беа обравчиња.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Си седи онака во страничната приколка и ме гледа со напудрените образи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар е важно дал нѐ плиска залез или зора по образот блед.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Сме ги облекле најновите алишта и сонце ни грее на образите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никогаш не ја заборавив сликата на разиграните дервиши како занесено до транс играа и скокаа, бодејќи се на крајот со долги и тенки куки кои влегуваа од едниот, а излегуваа од другиот образ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе