освежи (св.)
Откако ќе се исплискаа и освежеа, се враќаа пак назад, бришејќи се со своите големи шамии.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Неколку капки му паднаа на врелото чело и го освежија. Низ воздухот се ширеше миризба на влага и земја.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Го ублажувал црвенилото на крајниците и го освежувал дишењето.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Така среќно стаса и до дома, колку да го освежи лицето и да промени облека, пред да се појави на работа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Не можев да видам од моето место како потоа ја загризува сливата и како му се освежува сувата уста и киселавоста му се шири по жилите.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но прошетката ќе ги освежи, ќе запалат по една цигара, а сообраќајката е добро оправдување за евентуалното доцнење - рационално си ја сумираа ситуацијата, без поим во што се впуштаат.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Фовистички обоен
или плускотница, да освежи
исчекувањето да се олесни
рофја да удри
за невреме да ве подготви.
Да имате слух и за небески работи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Дождот целосно ја освежи земјата. Неговиот благодат беше видлив во сите нешта што растеа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ама, мораш некако да се подотераш, да си ги освежиш запоставените образи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Студениот воздух го освежи, му ги разведри мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пискулиев си ги освежи знаењата со најголема сосредоточеност и дури после излезе надвор.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Запарниот здив на југот ги беше избркал во длабоки сенки. Да се освежат и освестат.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Имам сопче со зеленосиви тапети, со две зелени завеси со боја како вода, дезенирани со многу бледи ружи, освежени со тенки крвавоцрвени цртички. …прилично ме обзема страв од лудилото кога ќе ги видам одблиску оние што боледуваат од него, каков што многу лесно можам и јас да станам во иднина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Велеше дека тоа му помага, му ја раздвижува крвта и му ја освежува мислата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Под огледалото стои масичка, а врз неа - леѓен со вода. Поарно ќе е да се наплиска и освежи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тетка Перса, пред таа да се досели, ангажира молер да ја освежи куќата, дури ја праша случајно можеби сака некоја друга боја на ѕидовите а не бела, Не, ѝ рече Пелагија, те молам тетко Персо, не арчи се, за наска ова е рај наспроти црната дупка во која живееме.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Тоа го освежува, му ги одмора очите, мислите, му ја спласнува напнатоста во него.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Убаво е, си мислевме, дождот ќе ги освежи рузмаринот и качинките, ќе ја оздраве изгорената земја. Така ден, ноќ.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Во шумата го заплиска чист планински воздух, го освежи и го расположи.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)