памет (ж.)

Нека никој не се осмелува да ми каже дека дури и за миг на потрошувачот му паѓа на памет фактот дека тој со отпадот што го плаќа и расфрла ја загадува околината и си го загрозува здравјето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го знаеш пократкиот пат до утрото, само сврти десно од погледот па лево од паметот. Тука сме. Веднаш до знакот „не проаѓа“.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Дури сега се сеќавам дека само за едно би се повратил таму: да им солам памет на соседите околу, да им се жалам да им правам незгоди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Му исплива во паметта фабриката во која работеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Да, подобро ќе го нацртам. Не можам од памет...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ти ли се најде памет да ми солиш!
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Таа адреса ѝ се врежала длабоко во паметта - ѝ се чинеше дека и ноќе би можела да познае дали писмото е од Крстан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Знаеш дека утрово нѐ извади од памет?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тренинг Го пресоблекувам паметот во лесни мисли.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Идејата што на Едо писателот му падна на памет при средбата со својот истоименик, не само што му се допаѓаше туку го правеше и нестрплив што поскоро да ја оствари.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како тазе Американец јас немам право на глас уште минимум четири- пет години, па дотогаш ми останува само кирилично да мудрувам и да солам памет на мајчиниот јазик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Еден овдешен граѓанин вели дека доволно е да имаш малку памет малку среќа ил само среќа и иницијатива, за да можеш да спечалиш барем толку за да се нахраниш со она парче леб и риба што се продава во кајаците кај „Галата“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ни на крај памет не му падна да ја земе предвид можноста за нејзината невиност бидејќи воопшто немаше потреба од такво размислување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но тоа ли е бодигард? Можете да го натерате да ви бацува нозе кога ќе ви прдне на памет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа ситуација што се пофторува на секој први и што еве сега пак ја доживувам тука во кујната, толку ме вади од памет што имам чувство дека ќе се шекнам или посакувам да се шекнам, убеден дека шекнатиот за вакви работи не се нервира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Пред очите ѝ никна она малото Крле попово, на кое му даваше тиква, кора и јајца заедно со нејзините деца и ѝ излегоа пред паметта сите стари планови.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако не ги пишував домашните, ако не се мачев со математиката, ако не морав на памет да ги учам лекциите од руски јазик, или францускиот кој беше сосема нов за мене, читав руски романи позајмени од градската библиотека.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Уште утре ќе купиме куче и потоа нема да имаме потреба од преговарање дали сакаме да шетаме во паркот, секогаш ќе мора да шетаме, ќе мора него да го шетаме, шетањето ќе стане нужност. (Кога не му паѓа на памет да шетаме дете - ќе шетаме куче).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Еден по еден ги редеше сите од тајфата Аргир во паметта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Повеќе